Земјите членки на Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела се согласија постепено да ги зголемуваат нивните задолжителни надокнади почнувајќи од 2024 година, како дел од реформите во финансирањето, изјавиле денеска неименувани извори за агенцијата „Ројтерс“.
Како што се наведува, одлуката е донесена во рамките на ревизијата на финансирањето на СЗО, кое се смета за витално за иднината на здравствената агенција на ОН.