Утрински Весник
Магазин

Ендрју Гарфилд ќе паузира од актерството

Ендрју Гарфилд ќе паузира одредено време од актерската професија.

38-годишната ѕвезда потврди дека ќе се повлече откако ќе заврши со снимањето на серијата  „Под знамето на рајот“ (Under the Banner of Heaven), адаптација на крими-романот на Џон Кракауер од 2003 година.

„Ќе одморам малку,“ рече Ендрју, кој неодамна глумеше во „Тик-так…бум!“ и накратко се појави во најновиот од серијалот за Спајдермен, „Човек-пајак: Далеку од дома“.

„Треба повторно да се калибрирам и да преиспитам што сакам да правам следно и кој сакам да бидам. Бидејќи како што знаете, тоа е машина за перење, таа сезона на награди.“

Во интервју за „Вараети“, холивудската ѕвезда објасни дека сака да направи чекор назад и да ужива во нормален живот одредено време.

„Едноставно сакам да бидам обичен човек некое време,“ доаде тој.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот