Утрински Весник
Магазин

Папата до свекрвите: Внимавајте на својот јазик

Dik 300x250 mk

Папата Франциско им оддаде почит на свекрвите, за кои рече дека често се жртви на најбаналните клишеа, но ги повика да обрнат внимание на нивниот јазик, особено во однос на снаите.

Овонеделната општа аудиенција на плоштадот Свети Петар беше посветена на меѓугенерациските односи, а папата имаше долга дигресија за „митскиот карактер“ на свекрвата.

„Свекрвата, не велам дека ја гледаме како ѓавол, но таа секогаш е лошо претставена. Но, свекрвата (или тешта) е мајка на вашиот сопруг и мајка на вашата сопруга“, рече тој.

„Често се вели дека свекрвата колку е подалеку, толку подобро. Но не, таа е мајка, таа е постара личност. За една жена е една од најубавите работи да има внуци. Кога нејзините деца имаат деца, таа повторно оживува“, продолжи 85-годишниот аргентински папа.

Тој ги предупреди снаите: „Одржувајте контакт со свекрвите. Понекогаш тие се малку посебни, но му дале мајчинство на вашиот сопруг. Барем израдувајте ги“, додаде папата.

Потоа Франциско упати совет и до свекрвите: „Ви велам, внимавајте како се изразувате, (девијацијата) на јазикот е еден од најгрдите гревови на свекрвата“.

Можете да прочитате

Со овој знак, нема втора шанса: Ако нешто се скрши еднаш – готово е засекогаш

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?