Утрински Весник
Економија

ЕУ подготвува нов удар за Путин: За следната недела се најавува забрана за увоз на руска нафта

Dik 300x250 mk

Би-би-си, повикувајќи се на дипломатски извори од ЕУ, наведува дека Унијата следната недела би можела да објави забрана за увоз на руска нафта.

Според првите неофицијални информации, забраната би стапила на сила во неколку фази.

Европската комисија наведува дека сепак ќе се консултира со САД и Г7 (во кои се економски најмоќните земји во светот) пред да објави забрана за увоз на руска нафта.

Целта на ЕУ е забраната за увоз на нафта да биде доволно строга за да му нанесе сериозна штета на Путин, но во исто време не толку строга за драматично да ги потресе светските пазари на нафта, посочиле изворите.

Во Брисел велат дека се свесни дека и богатите и сиромашните земји зависат од нафтата. Европските дипломати нагласиле дека намерата е да се избегне драстичен скок на цените, што може да резултира со поткопување на меѓународната поддршка за западните санкции против Русија.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност