Утрински Весник
Свет

Кина го пријави првиот случај на птичји грип кај луѓето

Кина го откри првиот случај на птичји грип H3N8 кај луѓето, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Вирусот е потврден кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата. Детето било во контакт со кокошки и врани дома, се додава, во извештајот.

Варијантата H3N8 е честа појава кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките. Вирусот е одговорен за пандемијата на грип од 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот H10N3.

Можете да прочитате

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади