Утрински Весник
Свет

Идентификуван напаѓачот во детската градинка во Русија – го убил соседот, му го зел оружјето и тргнал кон градинката

Во пукањето во градинката во Русија убиени се петгодишно момче, шестгодишно девојче и една воспитувачка. Како што утврдила полицијата, пукањето го извршил 26-годишниот Руслан Ахтјамов, кој потоа се самоубил, пишува Челнинские Известија.

Тој е сосед на 67-годишниот Александар Дронин, на кого било регистрирано оружјето. Неговото тело е пронајдено во близина на селото Вескајма.

Според прелиминарната верзија, Ахтјамов прво го убил Александар и му го зел оружјето. Потоа отишол во градинката каде смртно ја застрелал воспитувачката и уште две деца, по што се самоубил.

Ахтјамов од 2013 година е пријавен во душевна болница и боледувал од растројство на личноста, а неговиот татко го идентификувал. Тој живеел на истата улица каде што се наоѓала градинката. Таткото на Руслан потврдил дека често одел со Дронин да пука во каменолом и дека немал врска со градинката.

Установата немала обезбедување, а според првичните информации, напаѓачот на паузата дошол во градинката со пушка ИЗ-27. Полицијата на местото на настанот го утврдува мотивот за злосторството.

Можете да прочитате

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство

Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја

ЕУ до Израел: Запрете ја офанзивата во Газа, се подготвуваат нови санкции