Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување

Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување, се истакнува во соопштението од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.

„Бугарските барања и изјавите на Петков за поместување на ветото со услови кои како што вели не треба да се бараат наеднаш, се опасност дека Ковачевски е на пат да потпише или прифати рамка за асимилација на Македонците. Ковачевски и Османи целосно нетранспарентно го водат процесот на преговори, и ги носат граѓаните и општеството пред свршен чин. Ковачевски уште не се изјаснил ниту за клубот Ванчо Михајлов и фашистичките тенденции, тој немаше ниту да реагира на негацијата на Македонците да не беше преголемиот јавен и медиумски револт“, се потенцира во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, како што додаваат од оваа партија, со преговорите се однесува како да не е од овде, па чека првин дали одредена работа ќе наиде на критика на јавноста, за потоа тој да ја осуди или пофали.

Според нивните оценки, Ковачевски се однесува целосно незрело, и тој заради неговиот аматеризам и неспособност е на пат да ја понижи државата.

„Токму затоа Ковачевски веднаш да побара писмени гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик и историја“, е истакнато во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт