Утрински Весник
Економија

Во тек e етапната исплата на априлските пензии

Во тек e етапната исплата на априлските пензии

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска започнува етапната исплата на априлските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид-19. Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на априлската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2022 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2022 година (четврток); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2022 година (петок).

„Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми“, велат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување