Утрински Весник
Економија

Илон Маск го купи “Твитер“ за 44 милијарди долари

Илон Маск го купи “Твитер“ за 44 милијарди долари

Илон Маск ја купи социјалната мрежа „Твитер“ за 44 милијарди долари.

„Твитер“ вечерва објави дека ја прифатил понудата на Маск.

„ Твитер потврдува дека постигнал дефинитивен купопродажен договор. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“, рече тој вечерва.

„ Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на Твитер што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38% повисока од цената на акцијата на 1 април 2022 година“, се вели во соопштението на компанијата.

Така, Маск стана сопственик на платформа која ја смета за „јавно дигитално место за дискусија за витална содржина за човештвото“, се вели во соопштението. „Слободата на говорот е основата на демократијата“, рече Маск.

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година