Утрински Весник
Македонија

Земјотрес од 4,2 степени во источна Македонија

Земјотрес од 4,2 степени во источна Македонија

Земјотрес во источна Македонија е регистрран во 18 часот и 31 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што се наведува, земјотресот е со магнитуда од 4,2 степени според Рихтер.

Потресот е регистриран на 120 км југоисточно од Скопје, со епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Бил почувствуван од населението во Делчево Берово, Пехчево и околината.

Претходно, во истото подрачје беше регистриран земјотрес, со јачина од 3 степени.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати 

УПОЗ ја потврди средбата в четврток во Владата за преговори за раст на платите

АА: Итна истрага за Касами по истражувањето на „Фокус“