Утрински Весник
Свет

Бродови на НАТО ќе ја обучуваат финската морнарица

Бродови на НАТО ќе ја обучуваат финската морнарица

Три воени бродови на НАТО пристигнаа во пристаништето Турку во југозападна Финска за да ја обучуваат финската морнарица, бидејќи Хелсинки размислува да се приклучи на Алијансата.

Во соопштението на финското Министерство за одбрана се наведува дека летонскиот минофрлач „Вирсаитис“, естонскиот минофрлач „Сакала“ и холандскиот брод „Шидам“ ќе обучуваат два миноносачи на финската флота.

Во соопштението се наведува дека дводневните вежби, кои започнуваат на 28 април, ќе ги подготват финските бродови за учество во силите за брза реакција на НАТО и дека вниманието ќе биде насочено кон „дејството со мини и работата во мултинационална рамка“.

Финскиот премиер Сана Марин на 13 април изјави дека Хелсинки во наредните недели ќе донесе одлука дали ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин