Утрински Весник
Свет

Захарова: Киев да престане да ги користи цивилите како жив штит

Захарова: Киев да престане да ги користи цивилите како жив штит

Цивилите ќе можат да ја напуштат индустриската зона Азовстал во Мариупол, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Извештаите дека нема начин луѓето да го напуштат Азовстал не се точни, бидејќи тие можат да го сторат тоа доколку режимот во Киев престане да ги користи како жив штит“, напиша Захарова на нејзиниот Телеграм, пренесува Тасс.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските трупи и силите на самопрогласената Народна Република Доњецк ги прекинале операциите во 14 часот со цел да им овозможат на цивилите кои се уште се заробени во челичниот комплекс Азовстал да ја напуштат борбената зона, наведува руската агенција.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро