Утрински Весник
Македонија

Османи во работна посета на Берлин

Османи во работна посета на Берлин

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Германија, каде ќе има средба со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

За време на посетата, Османи ќе има средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања. Агендата на министерот Османи предвидува и средби со советниците на германскиот Канцелар Олаф Шолц – Јенс Плотнер, за надворешна политика, и Ундине Руге, за ЕУ прашања.

Целта на посетата е да се реафирмира германската позиција во однос на нашето европско досие и поддршката во однос на итната потреба од деблокирање на пристапниот процес со ЕУ. Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и за регионалната динамика, како и за безбедносната состојба на европскиот континент, во светло на новите геополитички предизвици.

Од Берлин, министерот Османи патува директно за Софија.

Можете да прочитате

Царина заплени 2 тона фалсификуван прашок „Ариел“

Царина: Спречен шверц на два тони небезбеден прашок за перење

Родителите со напад кон одбраната на Папазов, со извиците „Да му се извиниме ние!