Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција може да биде гарант за безбедноста на Украина

Ердоган: Турција може да биде гарант за безбедноста на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска за време на телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски дека има позитивен став кон тоа Турција да биде гарант за безбедноста на Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

За време на телефонскиот разговор се разговараше за неодамнешните настани во војната меѓу Русија и Украина, како и за преговарачкиот процес“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Ердоган изразил подготвеност да обезбеди секаква можна помош во преговарачкиот процес, вклучително и посредничка улога.

Тој покажа принципиелен став по прашањето за украинскиот безбедносен гарант, пренесува ТАС С.

Можете да прочитате

УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел

Од 1 октомври нови царини во САД – таргетирани лекови, камиони и мебел

Трамп издаде наредба за продажба на TikTok