Утрински Весник
Свет

Зеленски со порака за Велигден: Злото нема да ја уништи земјата

Зеленски со порака за Велигден: Злото нема да ја уништи земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до нацијата на православниот празник Велигден и рече дека „злото нема да ја уништи земјата“.

Тој истакна и дека се моли на Господ да им ја врати среќата на децата, а да им понуди утеха на мајките кои ги загубиле синовите во војната.

Зеленски се обрати преку видео снимено во катедралата Аја Софија во Киев и рече дека земјата ќе го надмине „мракот во кој ја вовлекла војната“.

„ Сè уште веруваме во победата на Украина и убедени сме дека злото нема да не уништи. Ќе ги надминеме мрачните времиња и денеска, јас како и многу други, не носам светла облека, но се борам за просветителска идеја“, рече Зеленски.

Според јулијанскиот календар, Велигден се совпадна годинава во Украина со два месеци од почетокот на руската воена операција во таа земја.

Можете да прочитате

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија

Шведска, Норвешка и Данска со 486 милиони долари ќе се вклучат во иницијативата на НАТО за снабдување на Украина со оружје

Трамп: Би сакал пак да се кандидирам за претседател, но најверојатно нема