Утрински Весник
Свет

Зеленски во Киев ќе се сретне со Блинкен и Лојд, од кои ќе бара повеќе оружје

Зеленски во Киев ќе се сретне со Блинкен и Лојд, од кои ќе бара повеќе оружје

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин денеска ќе го посетат главниот град Киев.

Белата куќа, сепак, се уште не го коментираше ова.

За време на состанокот, Зеленски се очекува да апелира до САД да достават повеќе тешко оружје, за кое претходно рече дека е од витално значење за воените напори на Украина.

„ Ќе разговараме за оружјето што ни е потребно и временската рамка за испорака“, рече украинскиот претседател на вчерашната прес-конференција.

Можете да прочитате

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата

Објавено е колку авиони изгубија САД во војната со Иран