Утрински Весник
Свет

Руските сили се обидуваат да се пробијат до железарницата Азовстал

Руските сили се обидуваат да се пробијат до железарницата Азовстал

Руските сили продолжија со воздушните напади и се обидуваат да се пробијат до железарницата Азовстал, во која се сместени преостанатите украински ловци во Мариупол, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

– Непријателот се обидува да го задуши последниот обид за отпор на бранителите на Мариупол во областа Азовстал – изјави Арестовиќ на националната телевизија, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Пуртин во петокот изјави дека на украинските сили стационирани во Азовстал им била понудена опцијата да се предадат, со гаранции дека нивните животи ќе бидат поштедени.

Засолниште од руското бомбардирање нашле и голем број цивили во подземните простории на огромниот комплекс на железарница, пренесува АП.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза