Утрински Весник
Македонија

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

– Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

– Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

– Бесплатен превоз за студенти секој четврток

– И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

Со оваа мерка ќе се овозможи континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

Можете да прочитате

Кому му припаѓаат пензионерските здруженија, на пензионерите или на системот?

13 годишно дете повредено по пад од електричен тротинет

Уапсен косовски водич во автобус, се обидел да поткупи полицаец