Утрински Весник
Македонија

Приведен струмичанец поради неовластено производство на дрога

Приведен струмичанец поради неовластено производство на дрога

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ј.П.(46) од с.Муртино, струмичко.

Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри.

По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П..

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци