Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Британски научници: Најдолгата инфекција со Ковид-19 траела 505 дена

Британски научници: Најдолгата инфекција со Ковид-19 траела 505 дена
300x250 opst2

Најдолгата инфекција со коронавирус кај едно лице, пред да почине од компликации предизвикани од Ковид-19, траела 505 дена, објавија британските научници.

Претходно, имаше податоци за друго лице кое било позитивно на САРС-КоВ-2 цели 335 дена.

Кај повеќето луѓе инфицирани со овој вирус, телото може само да го надмине и да ја победи инфекцијата, но пациентот кој бил позитивен 505 дена, имал сериозно ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.

Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен на сите други тестови, сè до неговата смрт во 2021 година.

Истражувачите, кои го проучувале вирусот кај деветмина ковид-пациенти во Лондон, откриле дека нови ковид варијанти може да се појават кај имунокомпромитирани лица.

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон ги претставија своите резултати од истражувањето на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести (ECCMID) во Лисабон.

Можете да прочитате

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен