Утрински Весник
Свет

(Видео) Загрепскиот градоначалник по лажна дојава за бомба во Арена Центар: „Треба да се најде таа будала“

(Видео) Загрепскиот градоначалник по лажна дојава за бомба во Арена Центар: „Треба да се најде таа будала“

Загрепската полиција денеска добила дојава дека во трговскиот центар „Арена“ биле поставени две бомби.

Сега е објавено дека потрагата е завршена и не е пронајдена експлозивна направа.

Додека траеше претресот на трговскиот центар, изјава за медиумите даде градоначалникот, Томислав Томашевиќ.

„Доколку се утврди дека се работи за лажна дојава, очекуваме полицијата да ја фати таа будала која игра со нервите на граѓаните на Загреб и да ја изведе пред суд“, рече Томашевиќ.

„Луѓето се со тенки нерви, во Украина има војна, дрон се урна среде град, само уште ваква работа ни требаше“, рече Томашевиќ.

Од Арена Центар на социјалните мрежи објавија дека денеска веќе нема да отворат.

„Почитувани посетители, поради вонредните околности денеска, петок, 22.04.2022 година, Арена Центар е затворен. Ви благодариме на разбирањето“, се вели во краткото соопштение.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван