Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Бесими: Соработка со Трезорот на САД за подобрување на ефикасноста и отчетноста на јавните финансии

Бесими: Соработка со Трезорот на САД за подобрување на ефикасноста и отчетноста на јавните финансии
Img 7972

САД ја поддржуваат брзата интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, при што, како сојузници во НАТО, двете земји ќе работат на заеднички проекти што се од големо значење за унапредување на соработката, е еден од заклучоците на средбата која министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја оствари со високи претставници на Трезорот на САД.

САД преку Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА), ќе понуди и техничка помош во зајакнувањето на управувањето со јавните финансии, ефикасноста, транспарентноста, отчетноста на јавните финансии, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Во него се додава дека министерот разговарал со вршителот на должност заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија, Брајан Меколи, советникот на секретарот на Трезорот на САД, Брент Ниман и Вилијам Лари Мекдоналд заменик помошник на секретарот за техничка поддршка во Тезорот.

„Деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и на развојот на регионот. Притоа, активниот ангажман на САД по ова прашање би бил од клучно значење“, посочил Бесими нагласувајќи ја притоа и можноста од продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти кои би се реализирале во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД.

Двете страни се согласиле дека во моментот клучно е решавањето на енергетската криза и одржувањето ценовна стабилност како клучни фактори за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност.

Претходно министерот Бесими, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка, остварил средба и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027