Утрински Весник
Свет

Бајден до Путин: Греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина

Бајден до Путин: Греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин греши ако мисли дека Западот ќе го изгуби интересот и ќе престане да ја поддржува Украина.

„Додека Русија продолжува со својата бруталност кон Украина, Путин се надева дека ќе го изгубиме интересот. Тој се обложува дека единството на Западот ќе пропадне. Ќе му докажеме дека не е во право уште еднаш“, напиша Бајден на Твитер.

Тој изјави дека континуираната и координирана поддршка на меѓународната заедница, предводена од Соединетите Американски Држави, значително придонела Украина да ја спречи Русија да ја окупира.

Можете да прочитате

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе