Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Кралското семејство сподели фотографија од Елизабета Втора како двегодишна за нејзиниот 96. роденден

Кралското семејство сподели фотографија од Елизабета Втора како двегодишна за нејзиниот 96. роденден
Img 7972

Како да одадете почест на кралица која полни 96 години? Споделете симпатична троубек-фотографија од неа како мало дете!

Во четвртокот, кралското семејство сподели фотографија од кралицата Елизабета Втора кога имала две години за да го одбележи нејзиниот роденден.

На портретот, насмеаната принцеза ги држи рацете на образите, има руси кадрици и ангелски изглед.

Текстот објаснува дека од принцезата никогаш не се очекувало да стане кралица. Но, сè се променило во 1936 година кога нејзиниот татко стана крал Џорџ Шести откако нејзиниот вујко кралот Едвард Осми абдицира. Нејзиниот татко почина во 1952 година, и таа станала кралица Елизабета Втора на 25-годишна возраст.

За да го прослави роденденот на кралицата, кралското семејство сподели и квиз на својата страница на Инстаграм за да им помогне на нејзините фанови да дознаат повеќе за нејзиниот живот и кариера.

Принцот Вилијам и Кетрин, војвотката од Кембриџ, исто така ѝ оддадоа почит на монархињата на нивната Инстаграм-страница, нарекувајќи ја инспирација за многумина низ Обединетото Кралство, Комонвелтот и светот.

Принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, објавија неколку актуелни фотографии од кралицата на нивниот профил.

„На нејзиното височество кралицата ѝ посакуваме особено посебен 96. роденден, кога го славиме нејзиниот платинест јубилеј,“ напишаа тие во објавата.

Оваа година се навршуваат 70 години на тронот на монархињата, а кралското семејство објави нејзин нов портрет. На фотографијата, направена минатиот месец, кралицата носи темнозелен капут со наметка додека стои среде две коњчиња.

 

 

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот маченик Калистрат

Хороскопски знаци кои тешко примаат комплименти

Од електроника до поп, од поезија до трап – современиот звук на ПМГ Рекордингс фестивал 14