Утрински Весник
Свет

Германијa: До крајот на годината ќе престанеме да увезуваме нафта од Русија

Германијa: До крајот на годината ќе престанеме да увезуваме нафта од Русија

Германија ќе престане да увезува нафта од Русија до крајот на годината, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по средбата со нејзините балтички колеги, пренесе Ројтерс.

„Затоа, овде велам јасно и недвосмислено дека Германија целосно го укинува рускиот увоз на енергија“, рече Баербок.

„До летото ќе ја преполовиме нафтата и ќе бидеме на нула до крајот на годината, а потоа и гасот, во унифицираниот план на Европската унија, бидејќи нашиот заеднички излез, целосен излез на Европската унија, е нашата заедничка сила“, рече таа.

 

Можете да прочитате

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа

Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија