Утрински Весник
Свет

(Видео) Драма во воздухот: грчки падобранец виси закачен за авионот

(Видео) Драма во воздухот: грчки падобранец виси закачен за авионот

Избегната е воздушна трагедија, кога грчки падобранец останал да виси четири минути закачен за авион „ц-130“.

Авионот на ХАФ полетал од аеродромот во Ларнаки. Кога достигнал височина од 5.000 стапки, првиот падобранец скокнал од авионот.

Сепак, падобранот не се отворил ниту се одвоил, па падобранецот висеше неколку минути на четири и пол метри од леталото. Падобранецот се обидел да го ослободи својот падобран, но бил запрен од сигурносниот прстен што го поврзува појасот со торбата во која се наоѓа падобранот.

За среќа, останатите во авионот најдоа начин да го спасат и внесат човекот во леталото.

https://www.youtube.com/watch?v=InS6jz51wo8

Можете да прочитате

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори