Утрински Весник
Свет

Зеленски со понуда до Русите: Ќе ги ослободиме руските затвореници во замена за безбеден премин од Мариупол

Зеленски со понуда до Русите: Ќе ги ослободиме руските затвореници во замена за безбеден премин од Мариупол

Ќе ги ослободиме руските затвореници во замена за безбеден премин од Мариупол, предложи до Русите украинскиот претседател Володимир Зеленски по посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Зеленски потврди дека е подготвен да ги ослободи руските воени заробеници во замена за безбедно минување на цивилите и украинските војници од Мариупол.

Се верува дека околу 100.000 луѓе останале во опколениот јужен град.

Тој додаде дека ситуацијата во градот се влошува бидејќи војната продолжува и верува дека стотици ранети се без пристап до медицинска нега. Зеленски го повтори тврдењето дека во комплексот „Азовстал“, заедно со преостанатите украински одбранбени сили, има околу 1.000 цивили.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури