Утрински Весник
Свет

Србија го ограничи извозот на брашно, масло за јадење и пченица

Србија го ограничи извозот на брашно, масло за јадење и пченица

Владата на Србија донесе Одлука за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со цел успешно да се одговори на опасноста од нарушувања на пазарот предизвикани од значителниот раст на побарувачката на светскиот и на домашниот пазар.

Од тие причини, Владата одлучи да воведе квантитативни ограничувања на извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло на месечно ниво и за одреден период, се вели во соопштението на Владата на Србија.

Можете да прочитате

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата

Објавено е колку авиони изгубија САД во војната со Иран