Утрински Весник
Македонија

Хорор во Германија: четири лица пронајдени мртви во куќа

Хорор во Германија: четири лица пронајдени мртви во куќа

Четири лица се пронајдени мртви во куќа во Кемниц во сојузната покраина Саксонија во Германија, јавува „Анадолија“.

Во заедничкото соопштение на Обвинителството во Кемниц и локалната полиција се наведува дека телата на четири лица се пронајдени мртви во куќа во градот Мителбах, од кои две се жени на возраст меѓу 32 и 72 години.

Во соопштението се наведува дека првите сознанија покажуваат оти споменатите лица починале како последица на насилство.

Споменатите четири лица живееле во куќата во која биле пронајдени мртви.

Во соопштението се наведува дека полицијата во Кемниц почнала истрага за инцидентот во соработка со Обвинителството.

Можете да прочитате

Снаата отиде да се пораѓа а го најде синми мртов вели Димитриев

Муцунски во работна посета на Брисел

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект