Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Сиена Милер за снимањето со Бен Афлек: Воопшто немаше хемија меѓу нас

(Видео) Сиена Милер за снимањето со Бен Афлек: Воопшто немаше хемија меѓу нас
300x250 opst2

Актерката Сиена Милер за време на гостувањето во „Шоуто на Дру Баримор“ призна дека немало хемија меѓу неа и Бен Афлек во Live By Night („Ноќен живот“) од 2016 година, иако тие глумеа љубовен пар.

„Бан Афлек ми беше како брат на снимањето. Никогаш во животот не сум се смеела толку многу”, изјави актерката. Ѕвездата на новата хит серија Anatomy of a Scandal („Анатомија на еден скандал“) призна дека тие двајца „не можеле да бидат помалку привлечни еден за друг“.

„Воопшто немаше хемија. А тоа е многу смешно со оглед на фактот дека требаше да бидеме вљубени еден во друг“, додаде таа.

„Тој има голема глава, а јас имам мала глава. Така, кога снимаа, секогаш мораа да ме поставуваат малку пред него. Тој го режираше филмот, а јас едвај издржував да не се смеам за време на снимањето“, призна Милер.

Покрај тоа, таа изјави дека Афлек е еден од актерите со кои би сакала повторно да соработува, а го спомна и Бредли Купер.

Можете да прочитате

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)

Србите масовно садат глог, добивката е голема

Дневен хороскоп за 07 октомври 2025 година