Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Децата на Гвинет Палтроу биле трауматизирани од лукскринот на нејзиниот телефон

Децата на Гвинет Палтроу биле трауматизирани од лукскринот на нејзиниот телефон
300x250 opst2

Гвинет Палтроу откри дека нејзините деца не ја одобруваат позадината за заклучен екран на нејзиниот Ајфон, со фотографија од нејзиниот сопруг и нивни очув Бред Фалчук без маица.

Откако ја откриле фотографијата на мобилниот на својата мајка, децата од бракот со поранешниот сопруг Крис Мартин – Епл (17) и Мозес (16) – веднаш ја замениле со селфи од нив тројцата.

„Мојот заклучен екран беше фотографија на Бред без маица на себе. А моите деца беа толку истрауматизирани што го зедоа телефонот и го направија ова селфи“, напиша таа во најновиот билтен на нејзината компанија „Гуп“.

Претходно, на гости во емисијата „Шоуто на Елен“, Палтроу (49) призна дека порано тинејџерите сметале дека нејзините објави на социјалните мрежи не се „кул“, а сега веќе се навикнале и не им пречи што таа продава вибратори преку својот бренд за животен стил.

Можете да прочитате

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект

Кардиолози: Лабавост на зглобовите укажува на можна аортна аневризма

Салите се полнат „Диџеј Ахмет“ продолжува да го освојува македонскиот публикум