Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трет ден нема договор за хуманитарен коридор

Трет ден нема договор за хуманитарен коридор
300x250 opst2

Украина трет ден по ред не може да обезбеди договор со Русија за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите кои се блокирани во градовите и населбите поради војната, изјави денеска вицепремиерката Ирина Верешчук, пренесува „Ројтерс“.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили започнале офанзива по целата линија на фронтот на југот и на истокот на Украина, пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Се наведува дека напорите на руските сили се насочени кон заземање на Мариупол и достигнување до административната граница на регионот Керсон.

Нагласено е и дека во текот на претходниот ден руските ракетни напади се интензивирани врз цели во западните региони на Украина.

Хуманитарните коридори последен пат беа отворени пред три дена, кога беа договорени девет рути за евакуација на цивили, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари