Утрински Весник
Свет

Смртна казна за шестмина Пакистанци поради линчување

Смртна казна за шестмина Пакистанци поради линчување

Пакистанскиот антитерористички суд денеска осуди шест мажи на смрт поради линчување на државјанин на Шри Ланка, кој беше претепан до смрт, а потоа запален.

Уште седум Пакистанци денеска се осудени на доживотен затвор поради смртта на Пријанта Кумара Пријанте Диаваданага, која била управителка во пакистанска фабрика, пренесува „Дејли Пакистан“.

Најмалку 76 лица се осудени на по две години затвор, а едно лице е ослободено. Меѓу обвинетите има и девет малолетници.

Убиениот бил директор на фабриката во Сиалкот во Пенџаб, каде на 3 декември бил нападнат од толпа.

Во светот се ширеа ужасни видео снимки од линчувањето на директорот на фабриката преку социјалните мрежи, а инцидентот се должи на богохулење, кое што човекот наводно го направил кога го тргнал плакатот со зборовите од Куранот.

Можете да прочитате

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто

Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години