Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за Армијата ги предлага истите решенија кои веќе една година ги блокира во Собранието

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за Армијата ги предлага истите решенија кои веќе една година ги блокира во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно и со лажна загриженост се сети на Армијата, откако 11 години не вложи ништо во стандардот и условите за војниците, велат од СДСМ откако од опозициската партија денеска порачаа дека нудат законско решение кое ќе ги поправи, како што посочија, катастрофалните состојби во Собранието.

Но, од владејачката партија сметаат дека парадоксално е да се предлагаат решенија што веќе ги има во предлог-законот за служба во Армијата – истиот закон кој, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ го блокира подолго од една година во Собранието.

„ВМРО-ДПМНЕ подолго од една година го блокира решението за отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата и нанесува непроценлива штета на припадниците на Армијата со навршени 45 години.

Сега се сетија тие да го предлагаат истото решение!

Условите за пензионирање за припадниците на Армијата се најдобри од кога било и пензијата за прв пат изнесува 80 отсто од најдобрите 10 години.

Барањето на ВМРО ДПМНЕ тие услови да важат ретроактивно е срам за опозицијата – тие всушност бараат добрите услови да важат и за оние кои се пензионирале во ‘нивно време’, под полоши услови.

Се разбира дека таа опција, како и правото на пензионирање со наполнети години стаж, се разгледуваат со Синдикатите во одбраната, а не со ВМРО ДПМНЕ кои за Армијата 11 години не направија апсолутно ништо“, стои во партиската реакција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт