Утрински Весник
Свет

Бурата Меги однесе 172 животи на Филипините, 110 лица се водат за исчезнати

Бурата Меги однесе 172 животи на Филипините, 110 лица се водат за исчезнати

Над два милиони луѓе се загрозени од тропската бура Меги, која ги погоди Филипините, а животот го загубија 172 лица, соопшти Националниот центар за управување со вонредни состојби.

Според центарот, 110 лица се водат за исчезнати.

Невремето зафати девет региони, а повеќе од 395.000 луѓе се раселени, јави агенцијата ТАСС.

Предизвикана е материјална штета која се проценува на 4,78 милиони долари. Невремето оштети речиси 10.000 домови, а десетици градови остави без електрична енергија.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа