Утрински Весник
Свет

Досега во Хрватска дошле 14.340 бегалци од Украина, главно жени и деца

Досега во Хрватска дошле 14.340 бегалци од Украина, главно жени и деца

По руската инвазија, во Хрватска досега влегле вкупно 14.340 раселени лица од Украина, главно жени и деца, покажуваат денешните податоци на Дирекцијата за цивилна заштита.

Најмногу жени дошле во Хрватска од Украина, 7.044 или 49,1 отсто и деца 5.242 или 36,6 отсто и 2.054 или 14,3 отсто мажи.

Најголем дел се во индивидуално сместување – 12.625 лица, во колективно сместување има 1.691 лице, а во прифатен центар моментално престојуваат 24 лица.

Од 25 февруари, Дирекцијата за цивилна заштита мобилизираше 38 објекти за згрижување раселени лица – три прифатни и 35 колективни сместувачки капацитети, една компанија за подготовка и испорака на храна, една компанија за перење и една компанија за превоз.

Можете да прочитате

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД

Лагард: Светскиот поредок се менува, но тоа не значи целосен прекин со постојниот