Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украинска армија: Одбивме 10 руски напади на исток во последните 24 часа

Украинска армија: Одбивме 10 руски напади на исток во последните 24 часа
300x250 opst2

Украинската војска објави нов дневен извештај за руската инвазија на Украина.

„Непријателот е главно фокусиран на прегрупирање и зајакнување на своите сили, продолжување на делумната блокада на Харков и артилериските напади врз тој град“, се вели во извештајот.

Украинците тврдат дека во последните 24 часа одбиле 10 руски напади во источните региони Доњецк и Луганск. Уништени се три тенкови, еден оклопен транспортер и три артилериски системи, велат Украинците, додавајќи дека заробиле и руски оклопен транспортер.

Украинската армија предупредува на зголемен ризик од ракетни напади од руски бродови во Црното Море врз одбранбената и логистичката инфраструктура на Украина.

„Во водите на Азовското Море, непријателската флота продолжува да го блокира пристаништето Мариупол и да обезбедува огнена поддршка во правец на брегот“, се вели во извештајот.

Според украинската армија, нема значителни промени во градот Северодонецк. Вчера шефот на регионалната воена управа на градот, Олександр Стрјук, објави дека Русите уништиле околу 70 отсто од градот со артилериски напади, оставајќи околу 20.000 жители, од 135.000 кои живееле во градот пред војната.

Русите се уште се обидуваат да воспостават целосна контрола над Мариупол, велат Украинците.

„Очекуваме непријателот да продолжи да се бори додека се обидува да стигне до административните граници на регионот Херсон и ќе се обиде да ја продолжи офанзивата“, се вели во извештајот.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот