Утрински Весник
Свет

Гутереш ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Гутереш ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот

Дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на Европската унија, останува клучна рамка за нормализирање на односите и ги охрабрувам двете страни конструктивно да се ангажираат за постигнување конкретни резултати, рече генералниот секретар на ОН во шестмесечниот извештај за Косово и Метохија.

Во извештајот од 16 септември до 15 март оваа година, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази жалење што досега е постигнат само „ограничен напредок“ во дијалогот Белград-Приштина.

„ Процесот на дијалог и напорите за постигнување нормализација имаат целосна и несомнена поддршка од Обединетите нации“ посочи генералниот секретар на ОН, се наведува во документот на Советот за безбедност на ОН.

„ Во овој поглед, одржувањето на отворен, транспарентен и инклузивен процес е клучно за постигнување одржливи договори“, рече Гутереш, охрабрувајќи ги Белград и Приштина да „обезбедат значително учество на широк опсег на учесници“ во процесот на дијалог.

Извештајот на генералниот секретар Гутереш ќе биде разгледан од Советот за безбедност на ОН на 20 април.

Можете да прочитате

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија