Утрински Весник
Свет

ЕУ жали за протерувањето на нејзините дипломати од Русија

ЕУ жали за протерувањето на нејзините дипломати од Русија

Мисијата на ЕУ во Русија денеска изрази жалење за одлуката на Москва да протера 18 претставници на Делегацијата на Европската Унија, оценувајќи дека таквиот потег дополнително ќе ја зголеми изолацијата на Русија.

„ Одлуката на руските власти објавена денеска нема никаква основа и не е ништо друго освен одмазда“, се вели во соопштението на мисијата на ЕУ во Русија на Телеграм.

Русија претходно објави дека „како одговор на непријателските дејствија на ЕУ“, 18 вработени во Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за персона нон грата и дека наскоро ќе мора да ја напуштат Русија.

ЕУ на 5 април прогласи за непожелни 19 руски дипломати, а како причина Брисел го наведе „учеството во активности спротивни на нивниот дипломатски статус“.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението