Утрински Весник
Свет

Русија: НАТО ги прислушува мобилните телефони на граѓаните

Русија: НАТО ги прислушува мобилните телефони на граѓаните

Разузнавачките служби на НАТО се поврзуваат со мобилни телефони на цивилни корисници со цел да ја блокираат комуникацијата или да испратат лажни аларми со цел да го дезинформираат населението, тврди денеска шефот на руските сили за радио-електронско војување, генерал-полковник Јуриј Ласточкин.

Разузнавачките служби на НАТО веќе активно користат лажни базни станици за насилно поврзување со мобилни телефони, и можат не само да ги прислушуваат мобилните телефони на корисниците и да ги читаат нивните текстуални пораки, туку и да блокираат избрани корисници или да ги дезинформираат со лажни пораки.

Тим од млади истражувачи од областа на електронското војување смислил систем за да се спротивстави на неовластен пристап до корисничките телефони и може да идентификува лажна базна станица и нејзината локација, а потоа да го блокира каналот за протекување информации, по што врската со легитимните базни станици повторно ќе се воспостави, рече Ласточкин.

Можете да прочитате

Интерпол заплени фалц лекови вредни над 13 милиони евра

Скандал од 100 милиони долари го потресе украинскиот врв, Зеленски нема коментар

Иран: Хормуз мора да остане под наша контрола