Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Зеленски: Преживеавме 50 дена под руски напад, а окупаторите ни дадоа најмногу пет дена

Зеленски: Преживеавме 50 дена под руски напад, а окупаторите ни дадоа најмногу пет дена
300x250 opst2

Во своето последно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека Украинците треба да бидат горди што преживеале 50 дена под руски напад, а руската инвазија ја нарече апсурдна и самоубиствена.

– Поминавме 50 дена. 50 дена од руската инвазија, иако окупаторите ни дадоа најмногу пет дена – нагласи Зеленски и го опиша како достигнување на милиони Украинци кои ја донеле најважната одлука во нивните животи на 24 февруари – денот кога започна руската инвазија.

Тој исто така рече дека се сеќава на првиот ден од инвазијата кога западните лидери го советуваа да избега од Украина.

– Не знаеја колку сме храбри ние Украинците, колку ја цениме слободата и можноста да живееме како што сакаме. Во текот на 50-те дена од оваа војна, Украина стана херој за целиот слободен свет. За оние кои не се трујат со пропаганда. Сите станавте херои. Сите Украинци кои издржаа и не се откажуваат. И ќе победиме. Во тоа сум сигурен – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари