Утрински Весник
Спорт

Аргентинското обвинителство побара да им се суди на сите oд лекарскиот тим на Марадона

Аргентинското обвинителство побара да им се суди на сите oд лекарскиот тим на Марадона

Аргентинското обвинителство побара да биде покренато обвинение против лекарскиот тим на легендарниот фудбалер Диего Марадона, кој почина во 2020 година, поради убиство од небрежност.

Осум членови на персоналот се обвинети за „пропусти и малтретирање“, што го доведе Марадона во „беспомошна ситуација, за време на скандалозната домашна хоспитализација“, се вели во поднесокот на судот, објави денеска АФП.

Марадона почина на 25.ноември 2020 година, на 60-годишна возраст, од срцев удар дома во Буенос Аирес.

Неврохирургот и матичен лекар Леополдо Лукe и психијатарот Агустина Косачов се под истрага, тие биле одговорни за здравјето на поранешниот фудбалер.

За убиство од небрежност, членовите на персоналот се соочуваат со затворска казна од осум до 25 години.

Обвинетите, според обвинителите, „биле учесници во невидена, неисправна и несовесна домашна хоспитализација“, а понатаму извршиле „низа импровизации, лошо менаџирање и пропусти“.

По ова обвинение, одбраната на обвинетите мора да изнесе аргументи и може да бара обвинението да се отфрли.

Случајот потоа може да биде изведен пред суд во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес.

> Аргентинското обвинителство побара да им се суди на сите oд лекарскиот тим на Марадона <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026