Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Украинците објавија фотографија: Заложници држени во подрум на ѕид ги пишувале имињата на починатите

Украинците објавија фотографија: Заложници држени во подрум на ѕид ги пишувале имињата на починатите
300x250 opst2

Украинското министерство за одбрана објави дека руските сили држеле околу 300 луѓе како заложници четири недели во подрумот на едно училиште во близина на Чернихив во северна Украина.

Украинците на Твитер објавија дека руските сили ги зеле како заложници жителите на селото Јахидне, околу 140 километри северно од Чернихив. Украинската страна наведува дека за време на руската окупација на селото загинале 18 лица.

Во твитот беше објавена и фотографија од ѕид. Од Министерството за одбрана тврдат дека заложниците на ѕидот ги напишале имињата на оние кои починале во подрумот.

Овие тврдења не се независно потврдени. Но, дописникот на Би-Би-Си, Јогита Лимаје, минатата недела беше во селото Јахидне и разговараше со жителите. Тогаш ѝ било кажано дека околу 130 луѓе се сместени во просторија од околу 65 квадратни метри.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори