Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата контрадикторна – вели има масло за јадење, а го ограничува купувањето

Владата е контрадикторна, ни порачува дека има масло за јадење, ама го ограничува купувањето, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука наведоа дека власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат.

„Министерот за економија Бектеши во една изјава тврди дека во Македонија има доволно масло за јадење, а од друга страна со официјално известување бара трговците да ја ограничат продажбата на маслото за јадење.

На крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате.

Граѓаните со право се загрижени и уплашени бидејќи власта во континуитет создава недоверба. Еднаш велеа дека има доволно пченица, за потоа да видиме дека бара пченица од соседите. Еднаш велат стоковите резерви се полни, а никогаш не кажаа колкави количини се обезбедени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, а да нема пари за 600 евра минимална плата

Авиосообраќајот руши рекорди, бројот на туристи расте: Македонија го отвора патот кон нов економски циклус

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада