Утрински Весник
Магазин

„Фантастични ѕверки 3“: Геј дијалогот отстранет од филмот за кинеската публика

„Фантастични ѕверки 3“: Геј дијалогот отстранет од филмот за кинеската публика
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Ворнер Брос“ ги отстрани референците за геј врска во новиот дел на серијалот Fantastic Beasts за кинеската публика.

Отсечени се шест секунди од третиот дел, „Тајните на Дамблдор“, кои алудираат на романтично минато меѓу Дамблдор и Гринделвалд.

Авторката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, претходни изјави дека Дамблдор бил геј, но филмовите досега никогаш експлицитно не ја спомнувале неговата сексуалност.

Продуцентите, „Ворнер Брос“, тврдат дека духот на филмот останува.

Сега во кинеската верзија на новиот филм, едитиран е дијалогот помеѓу насловниот лик на Џуд Ло и Гринделвалд, кој го игра Мадс Микелсен.

„Затоа што бев вљубен во тебе“ и „Гелерт и јас се заљубивме тоа лето“. Остатокот од филмот остана ист, вклучително и разбирањето дека ликовите споделуваат интимна врска.

Можете да прочитате

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?

Доаѓа Свети Никола – овие две работи не треба да ги правите