Утрински Весник
Свет

Ердоган ќе разговара телефонски со Путин и Зеленски

Ердоган ќе разговара телефонски со Путин и Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира во наредните денови да има телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, за ситуацијата во Украина, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

Тој рече дека Анкара одржува постојани телефонски контакти со Русија и Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на турската НТВ.

Чавушоглу додаде дека атмосферата на разговорите Москва-Киев е променета.

– Но, не губиме надеж, ги продолжуваме дипломатските напори да организираме состанок на лидерите, да постигнеме одржлив прекин на огнот – посочи Чавушоглу.

Тој оцени дека доколку воените дејствија ескалираат во наредните денови, ќе биде тешко да се постигне договор за прекин на огнот.

Четвртата рунда од руско-украинските разговори лице в лице се одржа во Истанбул на 29-ти март.

Можете да прочитате

Трамп: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат

Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина, изјави Трамп по состанокот во Алјаска

Путин им оддаде почит на советските пилоти на гробиштата во Енкориџ