Утрински Весник
Свет

Русија: Го ослободивме Мариупол од Аазов

Русија: Го ослободивме Мариупол од Аазов

Руската армија денеска соопшти дека презела целосна контрола над поголемиот дел од уништеното пристаниште во Мариупол, ослободувајќи го од паравоениот баталјон Азов.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека преостанатите украински сили во градот се „блокирани и не можат да избегаат од опкружувањето“. Но, ниту еден официјален украински извор не ги потврди наводите.

Градот Мариупол со недели е под опсада, а останатите жители се без вода, храна и струја. Американскиот институт за воени студии објави дека руските сили „најверојатно“ ќе го окупираат градот следната недела.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево