Утрински Весник
Свет

Пожар во индиска фабрика – најмалку шест лица загинаа

Пожар во индиска фабрика – најмалку шест лица загинаа
Dik 300x250 mk

Во пожар во хемиска фабрика во јужна Индија загинаа најмалку шест лица, а 12 се повредени, изјави денеска владин претставник за Ројтерс.

Тој истакна дека во уште една ваква несреќа оваа недела може да се потврдат повеќе жртви.

Снимките од местото на настанот, обезбедени од владини претставници покажуваат голем пожар, при што најмалку две тела лежат на подот на фабрика во сојузната држава Андра Прадеш, наведува британската агенција.

– Постои можност бројот на жртви да се зголеми. Станува збор за фабрика за хемиска обработка и таму се складирани боци со гас – изјави за Ројтерс В. Прасана Венкатес, службеник во областа Елуру каде што се наоѓа фабриката.

Тој изјави и дека засега не е позната точната причина за пожарот, кој надлежните го истражуваат, но можно е да се работи за експлозија на плински боци.

Оваа недела, во пожар предизвикан од експлозија во хемиска фабрика во сојузната држава Гуџарат, на западот на Индија, загинаа шест лица, јавува Ројтерс.

Можете да прочитате

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ 

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари