Утрински Весник
Свет

И Швајцарија воведе санкции за ќерките на Путин

И Швајцарија воведе санкции за ќерките на Путин

Швајцарија го усвои новиот пакет санкции на ЕУ против Русија и Белорусија поради воената операција на Москва во Украина, соопшти денеска владата, додавајќи уште 200 поединци и субјекти на листата на санкционирани, меѓу кои и две ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

„Списокот на санкции на Швајцарија сега е целосно усогласен со санкциите на ЕУ“, се вели во соопштението на владата, напуштајќи ја традиционалната неутралност на земјата со приклучување кон мерките на ЕУ.

ЕУ официјално усвои нови сеопфатни санкции против Русија во петокот, кои вклучуваат забрана за увоз на јаглен, дрво, хемикалии и сите трансакции со четири руски банки, вклучително и ВТБ банка.

Швајцарските санкции отстапуваат од пакетот на ЕУ само во однос на изоставувањето на забраната за патен и поморски превоз со Русија, со образложение дека не се неопходни поради географската положба на Швајцарија.

Можете да прочитате

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Пукање во Австралија: Тројца мртви, едно лице рането, убиецот во бегство

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади