Утрински Весник
Свет

Украински функционер: Русите планираат воена парада во Мариупол за Денот на победата

Украински функционер: Русите планираат воена парада во Мариупол за Денот на победата

Русија планира да одржи воена парада во Мариупол за Денот на победата на 9. мај, објави на „Телеграм“ советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.

Андриушченко објави дека на Константин Ивашченко, кој Русите го назначиле да управува со деловите на Мариупол под нивна контрола, му било наредено да исчисти дел од центарот на градот од урнатините и мртвите тела за да може таму да се одржи воена парада на 9. мај.

Русија секој 9. мај ја слави победата над нацизмот во Втората светска војна.

„Судејќи според низа информации и податоци, окупаторите планираат да одржат ‘победнички карневал’ во Мариупол во случај нивната ‘специјална воена операција’ да биде успешна“, рече Андриушченко.

„Добрата вест е што во градот нема возила или луѓе кои можат да ја завршат работата“, додава тој.

Можете да прочитате

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот